вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 149
home Фудбал

Ван Дер Сар: На Манчестер му требаат две-три засилувања за да биде конкурентен за трофејот

Ван Дер Сар: На Манчестер му требаат две-три засилувања за да биде конкурентен за трофејот

Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Едвин ван дер Сар смета дека следната сезона, тимот од „Олд Трафорд“ може да се бори за трофејот доколку донесе две до три квалитетни засилувања.

– Сметам дека Јунајтед ќе биде конкурентен доколку соодветно се засили. Минатата сезона заврши на втората позиција, загуби во финалето на ФА купот. Сега клубот има потреба од две или три потпишувања за одржување на високо ниво каково што негува Манчестер Сити. Се повеќе и повеќе пари играат улога, се повеќе и повеќе клубови учествуваат во трката за трофејот, изјави холандскиот голман.

Раководството на Манчестер Јунајтед најави учество на фудбалскиот пазар со сериозна сума во летниот трансфер период.

(Миа)

Коронавирус