сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 39
home Фудбал

Ван де Бек го пронајде виновникот за својот кошмар во Јунајтед и презема радикален потег

Ван де Бек го пронајде виновникот за својот кошмар во Јунајтед и презема радикален потег

Дони Ван де Бек остана замрзнат на клупата за резерви и на шести натпревар во низа, а за негова среќа, подобро беше што и воопшто не стапна на теренот во неделата која сигурно нема по добро да ја паметат верните фанови на Манчестер Јунајтед.

Холанѓанецот немаше никаква улога во срамот кој го доживеа Јунајтед од Ливерпул во големото дерби на „Олд Трафорд“, но затоа по поразот од 0:5, беше единствениот првотимец на „ѓаволите“ кои се појавил на теренот и кој одработил целосен тренинг со кондициски тренер за да остане во форма.

Со ваквиот потег, Ван де Бек само уште еднаш потврди дека се однесува максимално професионално, но во недостиг на шанси од Оле Гунар Солскјер, најверојатно излезот ќе го бара уште во јануари.

Угледните холандски медиуми откриваат дека Ван де Бек во изминатиот период го пронашол главниот виновник за неговата кошмарна ситуација на театарот на соништата, и тоа во неговиот агент на кој сега и дефинитивно му врачил отказ.

Гидо Алберс не успеа да му осигура премин во Евертон во последните денови од летниот преоден рок, па само два месеци подоцна, Ван де Бек ја прекинал соработката со него и ангажирал човек од кого побарал да му обезбеди нов ангажман уште во јануари.

Угледниот „Телеграф“ од Холандија открива дека Ван де Бек потпишал соработка со Али Дурсун, познатиот фудбалски агент кој е претставник на Френки де Јонг од Барселона. Според прогнозата на истиот извор, Дони сигурно ќе направи трансфер во јануари, и тоа со клуб кој ќе има право целосно да го откупи неговиот договор по шестмесечната позајмица.

Коронавирус