среда, 12. мај 2021. Вести денес: 1
home Фудбал

Ван Дајк: Предноста да ја одбраниме со офанзивна игра

Ван Дајк: Предноста да ја одбраниме со офанзивна игра

Фудбалерот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк смета дека неговиот тим не треба да се брани, туку со офанзивна игра да му се спротивстави на Манчестер Сити во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампиони.

– Треба да играме како де е 0:0, а не 3:0 во наша полза. Ние сме должни да продолжиме да размислуваме како да победиме, иако тоа е малку чудно при резултатот од првата средба. Подобро ќе биде да напаѓаме, а не да се браниме. Знаеме дека сме силни во одбрана и сме компактни, но треба и да напаѓаме, рече Ван Дајк на прес-конференцијата пред вечерашниот натпревар.

Манчестер Сити го пречекува Ливерпул вечер од  20:45 часот во обид да ги анулира трите гола предност што ги имаат „црвените“ од првата средба.

МИА

Коронавирус