четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Валверде незадоволен од ремито со Валенсија

Валверде незадоволен од ремито со Валенсија

Барселона одигра нерешено 1:1 синоќа на гостувањето кај Валенсија, исход по кеј тренерот на Каталонците, Ернесто Валверде не е задоволен.

– Тешко е кога играте против екипи кои главно се бранат. Освен тоа, примивме брз гол по само две минути и тоа уште повеќе ни ја усложни работа. Мораме да се бориме против осцилациите кои се јавуваат во нашата игра. Домаќините поведоа и се повлекоа чекајќи наши грешки. Очекувам дека на следните натпревари да влеземе во ритам и да бидеме стабилни во текот на целиот меч, изјави предводникот на Барселона.

Шпанскиот шампион по ремито со Валенсија падна на второто место во Ла Лига. Води Севиља со 16 бода, Барселона и Ателтико Мадрид имаат по 15, Реал, Еспањол и Алавес по 14.

Во следното коло (деветто) Барселона е домаќин на лидерот на табелата, тимот на Севиља.

Коронавирус