понеделник, 13. јули 2020. Вести денес: 124
home Фудбал

Валверде не знае дали ќе биде на кормилото на Барселона и во 2019

Валверде не знае дали ќе биде на кормилото на Барселона и во 2019

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде призна дека се уште не знае дали ќе раководи со тимот во следната сезона.

– Не знам со што ќе се занимавам наредната сезона. Никогаш не мислам премногу напред во иднината. Два месеци – тоа е многу долг период, рече Валверде во интервју за клупската телевизија на шпанскиот тим.

Стратегот ја презеде Барса пред почетокот на сезоната 2017/2018. Под негово водство, каталонците ја освоија титулата во Ла Лига, Купот и Суперкупот во Шпанија. Во моментов Барселона е на врвот на табелата со 37 поени во 17 натпревари.

– Секој пат по победа си среќен, но по пораз, сите гледаат во тренерот. Ако не ја освоиме титулата, секој ќе бара вина во тренерот. Така е по принцип, додаде Валверде