вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 104
АКТУЕЛНО

Црн рекорд: 2341 новозаразени, нови 26 починати од коронавирус

home Фудбал

Валенсија го шокираше Атлетико Мадрид во судиското надополнување

Валенсија го шокираше Атлетико Мадрид во судиското надополнување

Валенсија и Атлетико Мадрид одиграа без победник 3-3 во трилер натпреварот кој вечерва се одигра на „Месталја“ во Примера.

Актуелниот шампион на Шпанија имаше предност од 3-1 до 92 минута, но и тоа не им беше доволно на момците на Диего Симеоне за да ги освојат трите бода, а за тоа е виновен резервистот Уго Дуро.

Дуро влезе во игра во 85 минута што се покажа како полн погодок на тренерот Бордалас затоа што напаѓачот се најде на вистинското место во 92 и 96 минута и донесе голем бод за својата и голема еуфорија кај навивачите.

Останатите четири гола беа дело на Атлетико со тоа што Савиќ си даде автогол, а на вистинскоо место погодија Суарез, Гризмани Врсаљко.

Клубот од Мадрид со 23 бода е на 4 место, Валенсија со 17 е на 10 позиција.

Коронавирус