понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 59
home Фудбал

Валдано до Роналдо: Да го напуштиш Реал не е паметно решение

Валдано до Роналдо: Да го напуштиш Реал не е паметно решение

Поранешниот напаѓач, тренер и спортски директор на Реал Мадрид, Хорхе Валдано го прокоментира евентуалниот трансфер на Кристијано Роналдо во Јувентус.

Светскиот шампион од 1986 година, смета дека голгетерот ќе направи грешка ако го напушти „Сантијаго Бернабеу“.

– Да го напуштиш Реал Мадрид не е паметно решение. Мислам дека Кристијано е многу паметно момче, но ако на крајот одлучи да си замине, тој ќе загуби многу повеќе отколку клубот, изјави Валдано за „Онда Серо“.

Во моментов, некогашниот стрелец на „белите“, кој освоил вкупно три титули со тимот (една како тренер) и два пати Купот на УЕФА, е коментатор во шпанската верзија на „Беин Спортс“ и мексиканската телевизија „Ацтека“.

МИА

Коронавирус