вторник, 20. ноември 2018. Вести денес: 85
Breaking news:

Ројтерс: Груевски доби азил во Унгарија

home Фудбал

Ваква владина седница се случува еднаш во историјата- премиерот и министрите порачаа: „Во недела сме прваци“ (ФОТО)

Ваква владина седница се случува еднаш во историјата- премиерот и министрите порачаа: „Во недела сме прваци“ (ФОТО)

Откако Хрватска вчера се пласираше во финалето на СП во Русија и во недела ќе игра против Франција утрово Хрватите го дочекаа денот „ненаспани“.

Речиси ретко кој Хрват вчера заспа по историската победа на Хрватските фудбалери, а по тој повод утрово целата нација се уште е под еуфорија.

Еуфоријата утрово се чувствуваше и во Владата на Хрватска каде за време на владината седница министрите и премиерот биле облечени во фудбалски дресови.

-Во недела сме прваци!, порачаа од Владата преку својот Твитер профил.

Премиерот Андреј Пленковиќ пред почетокот на седницата упати честитки до репрезентацијата и до Златко Далиќ.