сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 56
home Фудбал

Вајналдум: Потпишав за ПСЖ, но сепак има за мене еден друг, најголем светски клуб

Вајналдум: Потпишав за ПСЖ, но сепак има за мене еден друг, најголем светски клуб

Холандскиот интернационалец Џорџо Вајналдум, денеска беше потврден како ново засилување во ПСЖ, доаѓајки од Ливерпул.

Вајналдум не успеа да се договори со Ливерпул за продолжување на соработката, па сега неговата кариера продолжува со ПСЖ во Париз.

Тој при самото претставување, направи еден вид мини превид, односно свесно порача дека иако дошол во ПСЖ, сепак смета дека има еден поголем клуб од неговиот нов клуб.

„Ова секако беше тешко донесена одлука, да дојдам во ПСЖ. Јас од мали нозе навивам за Барселона и знам дека тие се најголем клуб во светот. Раговарав со повеќе клубови за трансфер, на крајот разговарав со ПСЖ и падна договор. Тренерот Покетино го знам од претходно и тој ми потенцира дека ме посакуваат во Париз, ме запозна со проектот кој ќе го спроведат, ми се допадна и реков дека сум заинтересиран за трансферот“, порача Вајналдум.

Тој дојде како слободен играч во Париз, а во ПСЖ ова лето освен него, пристигнаа уште неколку звучни имиња, голманот Донарума и уште Серхио Рамос и Ашраф Хакими.

Коронавирус