Фудбал трагедија

УЖАС ВО БАРСЕЛОНА: Со автомобил влета меѓу навивачите на Еспањол и ги газеше (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Страшен инцидент се случи пред вечерашното градско дерби меѓу Еспањол и Барселона во Ла Лига кога автомобил влета во толпата домашни навивачи на Еспањол притоа газејќи голем број нив.

Автомобил се појави меѓу навивачите кои чекаа да влезат на стадионот, тие почнаа да фрлаат предмети кон него и да му викаат, а тој наеднаш даде гас и почна да вози низ толпата.

Како што информираа од шпанската полиција, повредени се 13 лица. Навивачите на Еспањол бараа мечот да се откаже, но веројатно затоа што нема тешки последици од инцидентот, официјалните лица го одбија барањето.

Ултрас фановите на Еспањол го напуштија натпреварот поради тоа што барањето за откажување на мечот не беше прифатено.

To top