петок, 4. декември 2020. Вести денес: 84
home Фудбал

Ужасен податок: Дете од 12 години било приведено за расизам на шкотското дерби!

Ужасен податок: Дете од 12 години било приведено за расизам на шкотското дерби!

Дека постои огромен проблем со расизмот во фудбалот, кој сериозно зема замав во последниве две години е очигледно низ цела Европа, ама британските медиуми деновиве објавија ужасен податок дека најмладиот расист кој е приведен има само – 12 години.

Детето е приведено за расизам за време на најстарото градско дерби во Глазгов, меѓу Селтик и Ренџерс. Приведено е поради расистички напад врз фудбалер на Ренџерс, а бидејќи станува збор за малолетник, глазговската полиција не го објави неговиот идентитет.

Навивачот на Селтик испадот го направил на дербито на „Селтик парк“ во декември лани, кога Ренџерс првпат победил како гостин после една деценија. Засега е нејасно со каква казна ќе се соочи најмладиот расист, ама британските медиуми го посочуваат како пример во кој треба комплетно превоспитување на младината во битката да се искорени оваа дискриминација.

Коронавирус