петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 184
home Фудбал

Утрешното деби на Меси на „Паркот на принцовите“ неизвесно

Утрешното деби на Меси на „Паркот на принцовите“ неизвесно

Дебито на фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси, на домашен терен на „Паркот на принцовите‘ на натпреварот од француското првенство против Клермон е неизвесно, бидејќи еден од најдобрите играчи на сите времиња сè уште е со репрезентацијата на Аргентина.

Навивачите на ПСЖ се надеваат дека в сабота во тимот ќе можат заедно да ги поздрават Меси, Нејмар и Килијан Мбапе, но, засега, тоа е под знак прашање.

Меси и Нејмар и натаму се со репрезентациите на Аргентина и Бразил за натпреварите од јужноамериканските мундијалски квалификации и наскоро би требало да се вратат во Париз.

Јужноамериканското дерби меѓу Аргентина и Бразил минатата недела беше одложено поради кршење на ковид протоколите од страна на четворица аргентински репрезентативци.

Локални избори 2021