петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 62
home Фудбал

Уште едно самоубиство на СП- се обесил по поразот на Аргентина

Уште едно самоубиство на СП- се обесил по поразот на Аргентина

Две недели откако индиски навивач се самоубил со скок од мост во реката во близина на неговиот дом, уште еден Индиец си го одземал животот поради поразот и елиминацијата на Аргентина од Светското првенство во Русија.

Аргентина завчера загуби со 3-4 од Франција во спектакуларното осминафинале, по што Монотош Халдер, 20-годишен голем навивач на Меси и на „гаучосите“ си го одземал животот. Тој се обесил во Хабибпур во областа Западен Бенгал.

Според информациите од индиските медиуми, Халдер скршен по поразот на Аргентина ја избегнал вечерата и се заклучил во својата соба, а откако не се појавил на доручекот во неделата наутро, бил пронајден обесен.

„Мојот си не беше болен. Тој беше голем навивач на Аргентина и секој ден беше пред телевизорот за да гледа фудбал откако почна Мундијалот во Русија. Беше скршен по поразот од Франција, но никогаш не помисливме дека може да направи вакво нешто“, изјавил Монгол Халдер, таткото на 20-годишното момче.

Полицијата започнала истрага за трагичниот случај, но потенцирала дека сè изгледа на самоубиство поради поразот на Аргентина.

Пред две недели во Керала, 30-годишен Индиец се самоуби скокајќи од мост во реката Котајам, откако Аргентина доживеа дебакл во групната фаза со поразот од Хрватска со 0-3

Коронавирус