вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Уште едно бразилско засилување за Вардар

Уште едно бразилско засилување за Вардар

Данило Бала Соуза Муниз е нов фудбалер на Вардар, тој потиша двегодишен договор со македонскиот тим.

По Лира и Јуфо, Вардар ова лето потпиша и со трет фудбалер од Бразил, станува збор за 25-годишниот Данило Бала кој е крилен играч и доаѓа од екипата на Кампиненсе.

-Дојдов во најголемиот и најтрофејниот клуб во Македонија. Со своите настапи сакам да помогнам тимот да ја освои титулата во првенството. Среќен сум што дојдов во овој клуб кој што има славна историја. Знам дека минатата година тимот влезе во групната фаза од Лигата на Европа. Најсреќен би бил сега во четврток екипата да се пласира во следната фаза во четврток, рече новото име во редовите на Вардар за официјалниот сајт на клубот.

-Среќен сум што ќе имам соиграчи од Бразил, меѓутоа најважно е и со сите од мојот нов клуб да функционирам добро. Очекувам брзо да се вклопам во екипата, да бидам добро прифатен од сите и заедно да направиме успех за клубот, и секако за нашите навивачи.

Коронавирус