Поранешниот сенегалски фудбалер Папа Буба Диоп почина денес на 42-годишна возраст по долго и тешко боледување.
Буба Диоп беше член на познатата генерација 2002 година, која блескаше на Светското првенство. Неговиот гол ја собори Франција во групната фаза, а тој играше во Англија многу години.
Тој има играно за Бирмингем, Вест Хем, АЕК, Портсмут, Фулам, Ленс, Грасхоперс, Хамакс и неколку француски тимови од пониски лиги.
Одигра 63 натпревари за репрезентацијата на Сенегал.