вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 163
home Фудбал

Уште една лоша вест за Барселона: Миралем Пјаниќ е позитивен на коронавирусот

Уште една лоша вест за Барселона: Миралем Пјаниќ е позитивен на коронавирусот

Ова е поголем проблем за БиХ отколку за Барселона.

Барселона вечерва објави дека нивниот нов фудбалер, Миралем Пјаниќ, е позитивен на коронавирус. Пјаниќ бил на одмор во Италија и откако почувствувал некаква непријатност, се тестирал вчера. Од Барса потврдија дека тој е во домашна изолација и во следните 15 дена нема да отпатува во Барселона и уште најмалку две недели нема да им се приклучи на своите нови играчи.

Барселона со новиот тренер Роналд Куман полнива да тренира на 31 август, и Пјаниќ ќе мора да ги прескокне првите денови. Ова се лоши вести и за босанскиот селектор Душан Бајевиќ, бидејќи на почетокот на септември, националниот тим на БиХ има натпревари против Италија и Полска во Лигата на нации, па засега не се знае дали 30-годишниот плејмејкер кој од Јуве замина во Барса, ќе може да игра.

Пјаниќ е третиот играч на шпанскиот вицешампион кој има коронавирус, после Умтити и Тодибо.

Коронавирус