вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 105
home Фудбал

Уште двајца македонски фудбалски репрезентативци не му останаа имуни на вирусот – позитивни се Ковид-19

Уште двајца македонски фудбалски репрезентативци не му останаа имуни на вирусот – позитивни се Ковид-19

Напаѓачите на македонската фудбалска репрезентација, Илија Несторовски и Влатко Стојановски, се позитивни на коронавирусот.

Двајцата беа дел од македонската експедиција што играше на Кипар против Ерменија, во Лигата на нации.

Несторовски, поради коронавирусот, не бил во составот на Удинезе, во саботата против Џенова (1:0).

Стојановски, фудбалер на второлигашот Шамбли, бил ставен во изолација веднаш по враќањето во Франција.

Извор: ТОЧКА

Коронавирус