петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 129
home Фудбал

Уругвај без Кавани против Франција

Уругвај без Кавани против Франција

Еден од најдобрите фудбалери на репрезентацијата на Уругвај, Едисон Кавани, нема да настапи на натпреварот од четвртфиналето против Франција на Светското првенство во Русија.

Кавани ги постигна два гола против Португалија во осминафиналето, но поради повреда предвреме го заврши натпреварот.

Уругвајската репрезентација соопшти дека фудбалерот нема скинат мускул на листот на десната нога, туку само оток. Но, дека повреда не е наивна говори фактот што Кавани го пропушти денешниот тренинг.

Отсуството на Кавани ќе претставува сериозен проблем за Уругвај, бидејќи заедно со Луис Суарез се еден од најдобрите напаѓачки тандеми во светот.

Натпреварот од четвртфиналната фаза меѓу Уругвај и Франција се игра в петок од 16 часот во Нижни Новгород.

Коронавирус