понеделник, 29. ноември 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Урнебесен потег на Меси: Им испрати пивa на сите голмани на кои им дал гол (ФОТО)

Урнебесен потег на Меси: Им испрати пивa на сите голмани на кои им дал гол (ФОТО)

Аргентинската фудбалска ѕвезда на Барселона, Лионел Меси, имаше најпосебен божикен подарок во соработка со еден од неговите спонзори, и му испрати пиво на секој голман на кој барем еднаш му дал еден од неговите 644 погодици во дресот на каталонскиот великан.

Барселона пред два дена славеше на гостувањето кај Вајадолид со 3:0, а еден од погодоците постигна Меси со што го надмина легендарниот Бразилец Пеле кој остана на 643 погодоци во дресот на бразилскиот гигант Сантос. Сега Аргентинецот го зазема првото место на листата постигнати голови за еден клуб.

На секое шише со пиво „Budweiser“, инаку, е редниот број на голот на Меси.

Меси на секој голман му испратил толку шишиња пиво колку што му дал голови. Според тоа, најмногу пива добил поранешниот голман на Валенсија, Бразилецот Диего Алвеш, кој за Божик добил дури 21 шише пиво. Веднаш зад него е поранешниот голман на мадридски Реал и на шпанската селекција, Икер Касиљас, кој добил 17 шишиња.

Меѓу оние кои добија пиво е и славниот италијански голман Џанлуиџи Буфон, но тој доби само две шишиња, а на последниот дуел во Лигата на шамионите пред две седмици меѓу Барселона и Јувентус ја сочува својата мрежа.

„Лео постигна извонреден рекорд, а за да го скротите, би требало да ги измените фудбалските правила“, изјави Буфон.

Коронавирус