недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Урнебес: Фудбалер на Фиорентина го продолжи договорот, па директорот му ја „мести“ внуката!?

Урнебес: Фудбалер на Фиорентина го продолжи договорот, па директорот му ја „мести“ внуката!?

Големата надеж на италијанска Фиорентина, Гаетано Кастровили (22) ја продолжи соработката со „виолетовите“ до 2024 година, па на промоцијата на новиот договор, директорот на клубот направи урнебес.

Откако Кастровили се обврза на договор до 2024, на „Артемио Франки“, директорот Даниеле Праде направи циркус откако на прес-конференција му ја понуди својата внука.

„Јас му реков дека ако продолжи да биде вака скромен и добар, може да и се јави на мојата внука преку Инстаграм. Многу е убава, се вика Костанца. Сега има дозвола“, рече Праде, со што ги изнасмеа новинарите.

ИЗВОР: СПОРТ 1

Коронавирус