петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 178
Во живо

ВО ЖИВО: Мини митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар

home Фудбал

Ули Хенес: Барселона е практично уништена, во Германија веќе ќе банкротираше

Ули Хенес: Барселона е практично уништена, во Германија веќе ќе банкротираше

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес ги сподели своите ставови за финансиската состојба во Барселона.

– Барселона е практично уништена! Ако случајот беше во Германија, тогаш веќе ќе беше банкротиран, и соодветниот суд ќе се занимаваше со тоа. Барселона повеќе не е пример за нас. Давид Алаба еднаш ми рече: „Сè уште сонувам да играм за Барселона“. Јас му одговорив: „Со кого сакаш да преговараш? Со претседателот или со стечајниот управник?”
И јас се залагам за одење до крај, меѓутоа во моментот кога сето ова повеќе не е можно да се рефинансира, треба да кажете НЕ, изјави Хенес.

Барселона која се соочува со тешка финансиска криза, има проблеми и со спонзорите кои почнаа да ги прекинуваат договорите.

Локални избори 2021