среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 129
home Фудбал

Украинците се подготвени да ја платат казната на Вукојевиќ

Украинците се подготвени да ја платат казната на Вукојевиќ

Претседателот на Фудбалската федерација на Украина (ФФУ) Андриј Павелко му даде поддршка на поранешниот играч на Динамо Киев Огњен Вукојевиќ, кој доби казна од ФИФА од 15.000 франци по видео објавено на интернет.

Хрватот кој на Мундијалот во Русија беше дел од стручниот штаб, по победата над Русија, заедно со играчот Домагој Вида ги поздравија своите пријатели од Киев, преку камера со „Слава на Украина“.

Вида доби опомена, а Вукојевиќ беше вратен дома.

– Поради изговорени зборови на почитување на Украина, членот на стручниот штаб на Хрватска е вратен дома.  Јас сум убеден дека ова е едно недоразбирање, кој може да се коригира. ФИФА да ја преиспита својата одлука. Ако санкцијата остане на сила, ние решивме од сопствени средства да ја платиме казната на Вукојевиќ, напиша Павелко на својот Фејсбук профил.

Коронавирус