четврток, 29. јули 2021. Вести денес: 85
home Фудбал

Украинците ги стартуваа подготвките пред ЕП во фудбал

Украинците ги стартуваа подготвките пред ЕП во фудбал

Фудбалската репрезeнтација на Украина со којаќе бидеме во групата на претстојното Европско првенство и со која ќе го одиграме мечот во рамките од второто коло од ова натпреварување на 17. јуни на Националната Арена во Букурешт, и официјално ги стартуваше подготовките пред шампионатот под водство на селекторот Андриј Шевченко.

Првите неколку дена, селекцијата на Украина и селекторот ќе работат единствено со домашните репрезентативци, со оние кои настапуваат во домашниот шампионат,Како ќе поминува времето така ќе им се приклучуваат останатите фудбалери кои играат надвор од оваа земја.

Во моментов, следните играчи се присутни на тренинг кампот на репрезентацијата на Украина.

Голмани : Георги Бушан (Динамо Киев), Андриј Пјатов, Анатолиј Трубин (Шахтјор Доњецк).

Одбрана : Александар Караваев, Илја Забарни, Виталиј Миколенко, Александар Тимчик, Александар Сирота, Денис Попов (сите Динамо Киев), Николај Матвиенко, Сергеј Кривцов, Виктор Корниенко (сите од Шахтјор Доњецк).

Среден ред : Тарас Степаненко, Марлос, Георги Судаков (сите од Шахтјор Доњецк), Сергеј Сидорчук, Николај Шапаренко, Виталиј Бујалски, Виктор Циганков, Богдан Леднев (сите од Динамо Киев), Артем Бондаренко (Мариупол), Евгениј Макаренко (Кортријк, Белгија), (Ференцварош, Унгарија).

Напаѓачи : Артем Довбик (Днипро), Артем Беседин (Динамо Киев).

Коронавирус