вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 74
home Фудбал

Украдена „ѕвездата“ на Горан Пандев од плоштадот во Струмица

Украдена „ѕвездата“ на Горан Пандев од плоштадот во Струмица

Од Плоштадот во Струмица денеска е искорната плочата со ѕвезда на најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев.

Ѕвездата е поставена во 2010 година кога Пандев ја освои титулата европски и светски шампион со италијанскиот Интер, односно истата година кога е изграден новиот струмички плоштад.

Граѓаните на Струмица, кои денеска поминува низ плоштадот го осудуваат вандалскиот чин и повикуваат надлежните веднаш да ги откријат сторителите.

И од општина Струмица го осудуваат вандалскиот чин на крадење на ѕвездата на нашиот фудбалер Горан Пандев и случајот го пријавиле во полиција.

Коронавирус