среда, 4. август 2021. Вести денес: 1
home Фудбал

УЕФА задоволна од судиите и ВАР технологијата на ЕУРО2020

УЕФА задоволна од судиите и ВАР технологијата на ЕУРО2020

Шефот на судиската комисија на УЕФА, Италијанецот Роберто Росети застана во одбрана на судиите и ВАР технологијата кога се во прашање големиот број досудени пенали во групната фаза од натпреварите на ЕУРО2020.

Судиите на вкупно 36 натпревари одиграни во групната фаза на Европското првенство досудија 14 пенали, што е двојно повеќе отколку на целото ЕУРО2016 година.

Два од вкупно 14-те пенали беа досудени на натпреварот што македонската репрезентација го одигра против Украина, при што пеналот против „црвено – жолтите“ беше донесен по консултација со ВАР собата во Нион.

– Пред воведувањето на ВАР технологијата имаше многу прекршоци во казнетиот простор, кои судиите не можеа да ги забележат. Сега тоа е невозможно, изјави Росети.

Тој напомена дека ВАР технологијата била користена во 179 случаи, при што судиите во 91.6 отсто донеле правилна одлука, а во 12 случаи судиски одлуки донесени на теренот биле коригирани.

Коронавирус