вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 11
home Фудбал

УЕФА за најспорниот пенал во сезоната: Ни ВАР не би му помогнал на Јувентус

УЕФА за најспорниот пенал во сезоната: Ни ВАР не би му помогнал на Јувентус

Претседателот на Европската фудбалска унија, Александар Чеферин денес истакна дека видео технологијата еден ден ќе почне да се користи и во Лигата на шампионите, но истакна дека ниту ВАР ништо не би сменила на натпреварот Реал Мадрид – Јувентус (3-1).

-Лигата на шампионите е како Ферари или Порше. Не можете веднаш да возите, потребен ви е тренинг. Се уште е рано за ВАР, но тоа не значи дека нема никогаш да го воведеме. Тоа е долготраен процес, еден ден ќе го воведеме, истакна Чеферин за Газета дело Спорт.

Тој навел дека е загрижен поради користењето на видео технологијата на претстојното Светско првенство.

-Има многу судии кои ќе го користеле ВАР. Се надевам дека нема да има скандали или проблеми, додава претседателот на УЕФА.

Чеферин исто така се осврнал и на спорниот пенал во четвртфиналето од ЛШ меѓу Реал Мадрид и Јувентус, кој на „Кралевите“ им донесе пласман меѓу најдобрите четири екипи.

-Извинете, но што би променила ВАР технологијата на тој натпревар? Ништо. Има луѓе кои тој инцидент го погледнаа 20 пати, јас го погледнав 50 пати. Но, половина и натаму тврдат дека беше пенал, а половина дека не е, рече Чеферин.

Според претседателот на УЕФА ВАР технологијата би можела да се воведе во ЛШ во сезоната 2019/20, а потоа и на Европското првенство.

Коронавирус