сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 83
home Фудбал

УЕФА воведува нова промена: Презема акција против милиметарските офсајди

УЕФА воведува нова промена: Презема акција против милиметарските офсајди

Александер Чеферин, претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), одговараше на новинарските прашања во Амстердам, кад ешто почна Конгресот на УЕФА.

Претставниците на медиумите ги интересираше мислењето на првиот човек на УЕФА за воведување на ВАР-системот.

-Системот ВАР останува тема на разговор во фудбалскиот свет. Во некои случаи помага, но остануваат и некои нејасни ситуации, призна Чеферин.

Чеферин порача дека следната сезона во Лигата на шампиони и Лига Европа ќе воведе уште една промена.

-Ќе воведеме подебели линии за да се избегнат офсајди од еден сантиметар, зашто тоа не е суштината на воведување на ВАР-технологијата, порача Чеферин.

Коронавирус