понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 192
home Фудбал

УЕФА: ВАР на Европското првенство беше успешен 100%

УЕФА: ВАР на Европското првенство беше успешен 100%

Три дена после завршувањето на Европското првенство УЕФА се огласи и ја пофали ефикасноста на ВАР на овој турнир.

ВАР на Европското првенство на 51 натпревар бил прегледан 18 пати и според извештајот од Нион успешен бил 100%, додека исправноста на одлуките на судиите на теренот е проценета на 93.5%.

Бројката од 100% успешност на ВАР немаше да привлече премногу внимание ако не беше пеналот кој го доби Англија во 104. минута од натпреварот со Данска во полуфиналето.

Најголем дел од јавноста смета дека во таа ситуација Стерлинг симулирал и се испратија жестоки критики до судиите на тој меч.

Денес во медиумите на таа тема за првпат се огласи и судијата кој во тој натпревар беше во ВАР судијата. Ако ја пропуштивте неговата изјава – можете да ја прочитате тука.

Локални избори 2021