сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 21
home Фудбал

УЕФА утре ќе ја соопшти казната за Милан

УЕФА утре ќе ја соопшти казната за Милан

УЕФА утре ќе ја соопшти казната за Милан поради непочитување на финансискиот ферплеј.

Пред неколку месеци, Милан беше казнет со одземање на правото за учество во евротурнирите, поради кршење на финансиските правила воведени од УЕФА.

По доаѓањето на „Елиот Менаџмент“ во Милан и заминувањето на кинескиот бизнисмен Јонхон Ли, клубот ја обжали одлуката на УЕФА пред арбитражниот суд.

Судот реши казната на Милан да биде преразгледана, а новото решение требаше да биде објавено денеска. Но, објавувањето на пресудата е одложено за утре, затоа што „росонерите“ вечерва играат натпревар од Лига Европа.

Се очекува клубот да биде казнет и ставен под мониторинг за период од три години.