петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 110
Во живо

ВО ЖИВО: Изјава на Мицкоски од индустриската зона „Жабени“

home Фудбал

УЕФА утре ќе го „суспендира“ ВАР?

УЕФА утре ќе го „суспендира“ ВАР?

Европската фудбалска унија (УЕФА) на утрешниот состанок на Извршниот комитет ќе го суспендира ВАР (видео-технологијата) како помош за арбитрите, најави француски „РМЦ-Спорт“, повикувајќи се на извори од Нион.

УЕФА планира во август да ја продолжи сезоната во ЛШ и Лига Европа, ама без дополнителната судиска помош и наводно ова им било соопштено и на националните федерации кои имаат воведено ВАР, а веќе се најавуваше дека нема да го користат (Премиерлига, Серија А).

Причината за некористењето на ВАР е поради неможноста во контролната соба судиите да ја одржат физичката дистанца на најмалку два метри оддалеченост, па поради тоа ВАР нема да се користи за клучниот дел од сезоната во ЛШ и ЛЕ, која се прекина во осминафиналната рунда и сега ако се доигра сезоната, прво треба да се доиграат реванш осминафиналињата, а потоа комплетната четвртфинална и полуфинална рунда, додека финалето е планирано за 29 август за ЛШ, а два дена претходно да се игра финалето во Лига Европа.

Интересно во УЕФА се надевале дека би можело да се најде решение за ВАР и физички да се одделат судиите со плексиглас, но прашање е дали тоа ќе помине на конференцијата или за ова доигрување на прекинатата сезона сепак ВАР ќе добие – привремена „суспензија“.

Сепак, за потврда ќе треба да се почека утрешниот состанок на ИК на УЕФА, по што многу детали ќе бидат познати околу продолжението на сезоната, која според желбите е да продолжи од јуни.

Локални избори 2021