четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

УЕФА стартува трето клупско натпреварување од следната сезона, финалето во Тирана

УЕФА стартува трето клупско натпреварување од следната сезона, финалето во Тирана

Албанската престолнина Тирана ќе биде домаќин на финалето од премиерното издание на Европската конференциска лига, третото клупско натпреварување на УЕФА, покрај Лигата на шампиони и Лигата на Европа, кое ќе стартува од сезоната 2021/2022.

Ова вечерва го одлучи Извршниот комитет на УЕФА на видео-конференциска средба, на која беа утврдени деталите околу третото по ранг европско клупско натпреварување.

Шампионот во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) ќе продолжи, како и досега, во квалификациите за УЕФА Лигата на шампиони, додека победникот на македонскиот Куп, второпласираниот и третопласираниот во ПМФЛ наместо во квалификациите за Лигата на Европа, од следната сезона ќе играат во квалификациите за пласман во групната фаза на новоформираната УЕФА Европа конференциска лига.

Првото квалификациско коло на третото по ранг натпреварување на УЕФА ќе се игра на 8 и 15 јули 2021 година, додека финалето ќе се одржи на Националната Арена во Тирана на 25 мај 2022 година.

Коронавирус