петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 171
Во живо

ВО ЖИВО: Мини митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар

home Фудбал

УЕФА со нова промена: Македонија – Косово ќе се игра во октомври или ноември!?

УЕФА со нова промена: Македонија – Косово ќе се игра во октомври или ноември!?

Историскиот бараж за пласман на Европското првенство на Македонија со Косово ќе се игра во октомври или ноември, во зависност кога ќе продолжи актуелната сезона, а кога ќе стартува новата, најави потпретседателот на УЕФА, Сандор Чанји.

УЕФА денеска имаше нова рунда разговори со сите национални федерации, за утре е закажана видео-конференција со клубовите (ЕЦА) и лигите (ЕФПЛ), а за в четврток на Извршниот комитет би требало да се објават конкретните одлуки за продолжение на сезоната.

Иако од ФИФА имаше најави за да се одложат сите репрезентативни мечеви до 2021 година, сеапк УЕФА не отстапува од идејата да се одиграат мечевите кои беа веќе двапати презакажани. Чанји објави дека баражите ќе се играат во октомври или ноември, но засега нема точна одлука зашто и понатаму остануваат нејаснотии околу доигрувањето на актуелната сезона.

УЕФА планира и да ги забрза настапите во Лигата на нации, но веќе извесно е дека втората сезона нема да почне во септември, зашто за средина на овој месец е првиот план за да се продолжи сезоната, а според првиот термин првите кола во Лига на нации требаше да се игра на почетокот на месецот.

Останува ставот дека лигите треба да се завршат и тоа до август, а потоа да се доигра сезоната во ЛШ и Лига Европа и по две недели пауза да се стартува со новата сезона, а новата сезона во ЛШ и ЛЕ да почне околу 20 октомври.

Локални избори 2021