понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 96
home Фудбал

УЕФА: Реал најуспешен во историјата на ЛШ, Вардар најдобро рангиран македонски клуб

УЕФА: Реал најуспешен во историјата на ЛШ, Вардар најдобро рангиран македонски клуб

Реал Мадрид е најуспешен клуб во историјата на елитното европско клупско натпреврување, додека Вардар е најдобро рангиран македонски клуб, на 149. место.

Ова го покажува вечната ранг – листа што УЕФА ја објави врз основа на резултатите на сите учесници во поранешниот Куп на европските шампиони и актуелната Лига на шампиони, во периодот од 1955 до 2020 година.

Реал Мадрид ја предводи вечната листа на најуспешни, пред Баерн Минхен, Барселона, Манчестер јунајтед и Јувентус. Листата на десет најуспешни екипи ја заокружуваат Милан, Ливерпул, Бенфика, Порто и Ајакс.

Од македонските клубови, најдобро рангиран е актуелниот првак Вардар, на 149. место, со скор од пет победи, осум нерешни и 11 порази, и гол разлика 30:40.

Работнички е на 188. место ( 3-6-5 15:12), Шкендија е рангирана на 258. место (3-1-6 8:15), Слога југомагнат е на 303. Место (1-3-6 5:12), Силекс на 351. место ( 1-1-3 2:9), Победа – 389. место (0-2-2 2:5), Македонија ЃП – 480. место (0-0-2 0:2) и Ренова на 489. место (0-0-2 0:5).

Коронавирус