среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 181
home Фудбал

УЕФА размислува да ги одложи четвртфиналните натпревари од ЛШ и Лигата на Европа

УЕФА размислува да ги одложи четвртфиналните натпревари од ЛШ и Лигата на Европа

Европската фудбалска федерација (УЕФА) размислува да ги одложи натпреварите од четвртфиналето на Лигата на шампионите и во Лигата на Европа. Ова го објави на Твитер италијанскиот новинар Танкриди Палмери. Причината е ситуацијата со коронавирус.

Пријавено е дека фазата од четвртфиналето може да се одложи се додека не се стабилизира ситуацијата со ширењето на болеста.

Реваншите од осминафиналето треба да се одржат оваа и следната недела. Голем број на натпревари ќе се играат на празни трибини.

Претходно првенството на Италија беше ставено во мирување поради ситуацијата со коронавирус. Пред празни трибини, ќе се одржат натпревари во Шпанија и Франција, во Германија без гледачи утре ќе се игра натпреварот Борусија Менхенгладбах – Келн.

Коронавирус