четврток, 4. март 2021. Вести денес: 129
home Фудбал

УЕФА разгледува можност за одржување на ЕП со еден домаќин

УЕФА разгледува можност за одржување на ЕП со еден домаќин

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин разгледува одржување на претстојното Европско првенство (ЕП) во една, наместо во 12 држави, како што првично е планирано.

Ова, синоќа го изјави првиот човек на европскиот првак Баерн Минхен, Карл – Хајнц Румениге, а Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) не ги демантираше неговите наводи.

-Во оваа фаза немаме информации што би можеле да ги споделиме, соопшти УЕФА, откако Румениге во изјава за германските медиуми рече дека Чеферин ја разгледува можноста за еден домаќин на завршниот турнир од 11 јуни до 11 јули.

-Знам дека претседателот на УЕФА Александар Чеферин, кој е исклучително внимателен во врска со коронавирусот, размислува дали можеби е поразумно, во време на пандемија, турнирот да се организира во само една држава, изјави Румениге.

Според првичниот план, УЕФА одреди 12 градови – домаќини на ЕП во во исто толку држави, а одлуката поединечно за секој град треба да биде донесена до 5 март. Во опција се четири сценарија, од максимална исполнетост на стадионот до натпревари без навивачи.

Коронавирус