вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 194
home Фудбал

УЕФА покрена постапка против Англија за ласерите во лицето на Шмајхел (ВИДЕО)

УЕФА покрена постапка против Англија за ласерите во лицето на Шмајхел (ВИДЕО)

При изведувањето на пеналот на Хари Кејн, на тв екраните се виде дека некој со зелен ласер се обидува да го попречи голманот на Данска, Каспер Шмајхел, УЕФА покрена истрага поради тоа.

УЕФА потврди дека покренува истрага против Англија за три работи, ласерот, свиркањето на химната, и палење на факел од страна на навивиач.

„Отворена е дисциплинска постапа по полуфиналниот натпревар на ЕП 2020 меѓу Англија и Данска кој се одигра на 7 јули на Вембли во Лондон. Постапката е против Англија за употреба на ласер од навивачите, за свиркање за време на интонирањето на химните и палење факели од навивиачите“, стои во соопштението на УЕФА.

Локални избори 2021