понеделник, 22. јули 2019. Вести денес: 157
home Фудбал

УЕФА подигна обвиненија против Манчестер Јунајтед и ПСЖ

УЕФА подигна обвиненија против Манчестер Јунајтед и ПСЖ

Европскиот фудбалски штаб официјално подигна обвиненија прптив Манчестер Јунајтед и Париз Сен Жермен по инцидентите, предизвикани од навивачите на двата тима за време на судирот во „Олд Трафорд“ вчера.

Обвинувањата против домаќините се поради фрлени предмети, вклучувајќи ги и шишињата пиво кон Анхел ди Марија, и затоа што ги блокираа скалите до излезот.

Гостите ќе мора да одговорат по четири точки – поради факели, фрлање предмети, вандализам и немири поттикнати од фановите на Парижаните.

Случајот ќе се разгледува од страна на дисциплинската комисија на УЕФА на 28-ми февруари.