четврток, 2. декември 2021. Вести денес: 193
home Фудбал

УЕФА планира да ја казни Англија за однесувањето на навивачите во финалето на Евро 2020

УЕФА планира да ја казни Англија за однесувањето на навивачите во финалето на Евро 2020

Европската фудбалска асоцијација сака да ја казни Англија за однесувањето на навивачите на денот на последниот натпревар од Евро 2020 со Италија (2:3 на пенали), објави „Скај Спортс“.

Пред почетокот на натпреварот, околу сто навивачи без билети се обидоа да влезат на стадионот.

Исто така, за време на натпреварот, навивачите истрчаа на теренот, фрлија предмети и запалија огномет.

УЕФА за евентуалната казна на ФА (англиската федерација) ќе одлучи денес. Многу е веројатно, Англија да мора да одигра барем еден натпревар на домашен терен со празни трибини. (МИА)

Коронавирус