среда, 2. декември 2020. Вести денес: 15
home Фудбал

УЕФА му ја одреди казната на Буфон за коментарот „канта за ѓубре место срце“

УЕФА му ја одреди казната на Буфон за  коментарот „канта за ѓубре место срце“

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон доби три меча суспензија поради црвениот картон што го заработи на реванш полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Тој збесна и имаше неспортски испад откако судијата Мајкл Оливер досуди пенал за „кралскиот клуб“ во последните моменти од судиското продолжение, а истиот во гол го претвори Кристијано Роналдо и го трасираше патот кон ново финале во елитното европско клупско натпреварување.

Буфон си замина од Јувентус по завршувањето на сезоната, а се наоѓа на чекор до трансфер во францускиот првак Пари Сен Жермен.

Доколку потпише за „светците“ тој ќе нема право на настап на првите три натпревари од групната фаза во ЛШ следната сезона.

Коронавирус