вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 201
home Фудбал

УЕФА може да го исклучи Манчестер Сити од Лигата на шампионите

УЕФА може да го исклучи Манчестер Сити од Лигата на шампионите

Европската фудбалска асоцијација може да го исклучи Манчестер Сити од Лигата на шампионите за сезоната 2019/20, објави „Гардијан“.

Според британскиот весник, оваа можност ја разгледува УЕФА по информациите што се раширија од страна на „Фудбал Лекс“.

„Граѓаните“ се обвинети за преувеличување на износот на договорите за спонзорство со цел да прикажат зголемени приходи и со тоа да можат да трошат повеќе пари за купување нови играчи.

Според изворот, сопственикот на Манчестер Сити презел на себе дел од трошоците на клубот. Тој, исто така, тајно финансирал без официјално прикажување на средствата вложени во клубот и со тоа бил прекршен финансискиот фер-плеј.

МИА

Коронавирус