среда, 28. јули 2021. Вести денес: 152
home Фудбал

УЕФА ќе ги казни англиските навивачи ако ги провоцираат Германците со навивачка песна

УЕФА ќе ги казни англиските навивачи ако ги провоцираат Германците со навивачка песна

Англиската фудбалска асоцијација со причина е загрижена  пред натпреварот Англија-Германија, не толку поради Германија како противник, туку поради своите навивачи.

Имено, на адресата на ФА пристигна допис од УЕФА која ги предупреди дека нивните навивачи не смеат да ја пеат песната „10 German Bombers“ (10 германски бомбардери).

Оваа песна асоцира на воените случувања во Втората светска војна, на што УЕФА жестоко се противи. Песната се однесува на германските борбени авиони кои припадниците на Кралската британска авијација ги соборувале во воените судири.

Водечките луѓе на ФА уште еднаш ги замоли своите навивачи да се воздржат од пеење на оваа песна, која Англичаните ја пееја на германските улици за време на СП 2006.

Мечот меѓу Англија и Германија е на распоредот во вторник, 29 јуни од 18 часот на „Вембли“.

Коронавирус