четврток, 25. април 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

УЕФА ја казни Романија со натпревар без публика и 73.000 евра

УЕФА ја казни Романија со натпревар без публика и 73.000 евра

Дисциплинската комисија на УЕФА ја казни Романија со парична казна од 73.000 евра и еден натпревар без публика заради расистичкото однесување на романските навивачи на натпреварот против Србија во Лигата на нациите.

Дел од паричната казна од 50.000 евра е изречен бидејќи романските навивачи скандираа „Косово е Србија“, но и за навреди кон Унгарците и за истакнување на транспарент на кој пишуваше дека мигрантите се поврзани со тероризмот.

Дополнителните 23.000 евра глоба се за палењето на пиротехника и за влегувањето на навивачи на теренот.

Романија без публика ќе ја пречека Литванија на 17 ноември.