четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

УЕФА и ФИФА подготвуваат драконски казни за тимовите кои нема да ја напуштaт Суперлигата

УЕФА и ФИФА подготвуваат драконски казни за тимовите кои нема да ја напуштaт Суперлигата

Поминаа нешто повеќе од две недели откако замисленото клупско натпреварување на најбогатите тимови од Европа – Суперлига, пропадна за помалку од 48 часа.

УЕФА, ФИФА, фудбалските фанови и јавност направија невиден притисок и ги принудија клубовите да го стопираат амбициозниот проект.

Сепак, „ЕСПН“ ја пласираше и информацијата дека се уште постои конфликт помеѓу клубовите и УЕФА.

Тимовите кои се уште официјално не потврдиле дека ја напуштиле Суперлигата се соочуваат со драконска казна. Истиот извор тврди дека УЕФА им се има закането со двегодишна забрана за учество во најпрестижното клупско натпреварување.

Таквата порака се однесува на Реал (М) и Јувентус, кои се најгласни околу формирањето на новото клупско натпреварување, како и за Барселона и Милан кои потврдија дека ќе прифатат желбата на навивачите, но не потврдија дека дефинитивно се откажуваат од идеата за Суперлига.

Новиот шампион на Италија, тимот на Интер, би требало во следните неколку дена и официјално да им се придружи на клубовите кои се откажаа од проектот.

УЕФА тврди дека клубовите имаат проблем со членот 51 од статутот според кој е „забрането здружување на клубовите кои се членови, директно или индиректно, без дозвола од страна на УЕФА“. За време на преговорите кои започнаа откако пропадна идеата за Суперлига, УЕФА покажа иницијатива дека сака да најде заенички јазик со тимовите кои се откажаа од амбициозниот проект.

Американскиот медиум откри уште неколку интересни детали околу договорот кој е потпишан при формирањето на Суперлигата. Договорот може да биде раскинат откако 9 од 12 клубови, кои се оригинални членови, се повлечат.

Поради таквиот договор, раководните лица на Реал (М) и Јувентус, Флорентино Перез и Андреа Ањели, не сакаат да дигнат раце од контроверзниот проект.

ЕУРО 2020

Македонија