недела, 16. декември 2018. Вести денес: 66
home Фудбал

УЕФА го зголемува наградниот фонд на Лигата на нациите за 50 отсто

УЕФА го зголемува наградниот фонд на Лигата на нациите за 50 отсто

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) објави дека ќе ги зголеми за 50 проценти парите за секоја од 55-те земји, кои учествуваат во Лигата на нациите.

Покрај тоа, европската централа исто така ќе го подигне наградниот фонд, при што секој победник на групата на кое било од четирите нивоа на турнирот добива 50 отсто повеќе од првично планираното.

Тоа значи дека конечниот победник во натпреварувањето, кој ќе биде познат во јуни 2019 година, ќе добие 10,5 милиони евра.

Од УЕФА изјавија дека зголемувањето на парите што ќе бидат доделени на индивидуалните федерации, е можно поради стабилната финансиска состојба на централата, како и од издвоените добивки од успешното европско првенство во Франција во 2016 година.

МИА