вторник, 11. мај 2021. Вести денес: 92
home Фудбал

УЕФА го возвраќа ударот на моќните клубови

УЕФА го возвраќа ударот на моќните клубови

На крајот клубовите ќе профитираат бидејќи ќе им се зголемат приходите од војната помеѓу Супер лигата и УЕФА.

Европската фудбалска федерација нема намера така лесно да го признае поразот по формирањето на Суперлигата и да им дозволи на најбогатите екипи во Европа да играат во натпреварување кое не е под нивна капа. Поради тоа, како што пишува „Блумберг“ во Нион започнаа преговори со компанијата „Centricus Asset Management“ за позајмица вредна дури шест милијарди евра, односно 7.2 милијарди долари, за да ја преуреди Лигата на шампионите, да го зголеми наградниот фонд и да ги запре плановите на Суперлигата.

Иако и двете страни засега молчат за преговорите, неименуван извор за „Блумберг“ тврди дека преговорите се во тек, но не може со ситурност да гарантира дека ќе биде постигнат договор.
– „Centricus Asset Management“ веќе неколку месеци разговара со УЕФА во врска со финансиите. Инвестициската компанија разговараше за почетен пакет од 4.2 милијарди евра кој потоа е зголемен на шест милијарди по формирањето на Суперлигата“ – пишува „Блумберг“ кој е специјализиран медиум за бизнис.

 

Компанијата „Centricus Asset Management“ според податоците на официјалната интернет страница е компанија која контролира имот вреден околу 30 милијарди долари.
Има одлични конекции со богатите институции на Блискиот Исток и во Азија, а и помогна на корпорацијата Софт Банк да собере неверојатни 100 милијарди долари за својот „Вижн фонд“ кој е најголем светски фонд за технологија.
Компанијата е основана во 2016 година од Низар Ал-Басам, поранешен инвестициски банкар во Дојче банк и поранешен партнер на Голдман Сакс.

 

„И покрај тоа што ја води мал тим од Лондон, „Centricus Asset Management“ стана познат по серијата опортунистики инвестиции. Моментно соработува со индискиот милијардер Анил Агарвал за вложување на 10 милијарди долари во Индија.

Минатата година оваа компанија во последен момент влезе во купување на акции на ТикТок во неколку земји и за тоа потроши 20 милијарди долари. Една година претходно влезе и во бизнисот со луксузни хотели купувајќи го култниот Капри Палас Хотел“, пишува „Блумберг“.

Коронавирус