петок, 20. јули 2018. Вести денес: 0
home Фудбал

УЕФА го суспендира Сион

УЕФА го суспендира Сион

Европската фудбалска федерација (УЕФА) донесе одлука да го казни швајцарскиот клуб Сион со суспензија на една година од европските клупски натпреварувања.

Казната е поради прекршување на правилата на УЕФА за лиценцирање, објавија од УЕФА.

Сион не пријавил дека должи 950 илјади евра на францускиот тим Сошо при поднесувањето на документите за учество во Лига Европа оваа сезона.

Клубовите не можат да учествуваат во евро-куповите ако имаат обврски кон други тимови.

Покрај забраната за учество, швајцарскиот клуб е казнет и со 235.000 евра.

Од УЕФА прецизираа дека раководството на Сион допуштило административна грешка и не веруваат дека тоа е намерно направено.