среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 74
home Фудбал

УЕФА го казни Милан со 12 милиони евра за кршење на правилата за финансиски фер-плеј

УЕФА го казни Милан со 12 милиони евра за кршење на правилата за финансиски фер-плеј

Казната беше објавена еден ден по елиминацијата на Милан од групите на Лигата на Европа. 12 милиони евра ќе бидат одземени од паричната награда на Милан од наградниот фонд на турнирот.

Италијанскиот клуб нема право да пријави повеќе од 21 играчи за Европа во следните две сезони и се заканува и со вадење од евротурнирите за една сезона, ако не воспостави ред во финансиското работење до јуни 2021 година.

Санкцијата е поради потрошените огромни средства за нови играчи и плати во 2017 година, кои не одговараат на приходите на клубот.