вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 131
home Фудбал

УЕФА ги објави шеширите за ждрепката за Евро 2020

УЕФА ги објави шеширите за ждрепката за Евро 2020

Европската фудбалска унија (УЕФА) денеска и официјално ги објави шеширите за полудиригираната ждрепка за Европското првенство во 2020 година низ Европа, кое ќе се игра во 12 различни градови на Стариот континент.

Поради вака комплексниот шампионат и фактот дека има низа домаќини, УЕФА ќе има полудиригирана ждрепка во која најмногу двајца домаќини може да играат во иста група. Барабаните се направени според пласманот во евроквалификациите, селекциите со најмногу бодови се носители, а во последниот барабан е победникот од Д-дивизијата во Лигата на нации, каде Македонија ќе се бори за пласман преку баражите, со Косово (полуфинале во Скопје) и со Грузија или Белорусија (финале) на терен за кој задутре ќе дознаеме каде ќе се игра – дома или на гости.

Познати се 20 од 24 селекции, а преостанатите четири ќе заверат виза во март догодина, за кога се планирани баражите преку Лигата на нации.

ПРВ БАРАБАН: Белгија, Италија (домаќин), Англија (домаќин), Германија (домаќин), Украина

ВТОР БАРАБАН: Франција, Полска, Швајцарија, Хрватска, Холандија (домаќин), Русија (домаќин)

ТРЕТ БАРАБАН: Португалија, Турција, Данска (домаќин), Австрија, Шведска, Чешка

ЧЕТВРТИ БАРАБАН: Велс, Финска, победник А-дивизија, победник Б-дивизија, победник Ц-дивизија, победник Д-дивизија

РАСПОРЕД НА ГРУПИ ПО ГРАДОВИ
ГРУПА А: „Олимпико“ – Рим, Олимписки стадион – Баку
ГРУПА Б: Крестовски – Санкт Петербург, Паркен – Копенхаген
ГРУПА Ц: Јохан Кројф Арена – Амстердам, Национална Арена – Букурешт
ГРУПА Д: Велмбли – Лондон, Хампден парк – Глазгов
ГРУПА Е: Сан Мамеш – Билбао, Авива – Даблин
ГРУПА Ф: Алијанц Арена – Минхен, Ференц Пушкаш – Будимпешта