понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 145
home Фудбал

УЕФА до среда ќе одлучи дали финалето во ЛШ ќе се игра на „Вембли“

УЕФА до среда ќе одлучи дали финалето во ЛШ ќе се игра на „Вембли“

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) до среда ќе донесе одлука дали ќе го премести последниот овосезонски натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Челзи и Манчестер Сити. Финалето во европската елита треба да се одигра во Истанбул, но истото може да биде префрлено во Лондон.

Според „Би-Би-Си“, челниците на УЕФА, Фудбалскиот сојуз на Англија и британската влада ќе одржат он-лајн состанок на кој ќе разговараат за опциите за финалето. Британците предлагаат овој меч да се игра на легендарниот „Вембли“.

Финалето во ЛШ е закажано за на 29 мај во Истанбул, но има шпекулации за трансфер, бидејќи Турција е ставена на британскиот црвен список на земји забранети за патување, освен во итни случаи, што значи дека навивачите на Сити и Челзи не би можеле да патуваат.

Со оглед на тоа што челните лица на УЕФА и спонзорите сакаат финалето да се игра со публика, британската влада смета дека најдобра опција би била англиската пресметка да се одигра на „Вембли“. Дали ќе се случи тоа, ќе дознаеме најдоцна до среда.

ЕУРО 2020

Македонија