среда, 22. септември 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Удинезе потврди: Имаме тројца анти-ваксери во првиот тим

Удинезе потврди: Имаме тројца анти-ваксери во првиот тим

Италијанската асоцијација на професионални фудбалери испрати официјален допис до сите играчи во Серија А преку кој нагласи дека најдобро решение за сите ќе биде максимална имунизација во елитното друштво, нешто што сигурно нема да се оствари во максимален процент, без оглед на пораките кои ги испраќаат и надлежните.

Вакцинацијата против Ковид 19 не е задолжителна за професионалните фудбалери кои секојдневно имаат контакти на теренот и во соблекувалните, а сега директорот на Удинезе беше првиот кој јавно проговори дека во неговиот тим има тројца играчи кои се анти-ваксери.

Пјерпаоли Маријано потенцира дека тројцата играчи кои не сакале да се вакцинираат против Ковид 19 добиваат поразличен третман од сите останати 32-ца, од едноставна причина што водечките луѓе од Серија А бараат такво нешто.

– Од актуелната група која ја има на располагање тренерот Готи, имаме тројца анти-ваксери од првиот тим кој брои 35 професионални фудбалери. На оние кои не сакаа да се вакцинираат, им правиме тестови за Ковид 19 секој ден, додека останатите тоа го прават еднаш или двапати неделно.

– Нашите играчи ја примија првата доза од вакцината во месец мај, период во кој клубот ја подготви „Дачија арена“ како вакцинално одделение за цела локална популација во Удине. Многу од вакцинираните играчи веќе беа дел од јавни иницијативи и собири, со што ги потсетија луѓето дека најдобро за сите е да има комплетна имунизација, – открива Маријано.

Коронавирус